Реал Мадрид успеа да го победи Еспањол со 4:0 и на четири кола до крајот на шампионатот ја обезбеди титулата во Примера. По две години, шампионскиот трофеј се враќа во витрините на „кралевите“ предводени од Карло Анчелоти.

Со оглед на обврските во Лигата на шампионите, домашниот тим беше во комбиниран состав, но успеа да си ја заврши задачата. Со два гола на Родриго, и по еден на Асенсио и Бензема , Реал Мадрид ја потврди титулата во Ла Лига.
За Реал ова е 35. титула во Примера, што е девет повеќе во однос на Барселона. Трет на вечната листа е минатогодишниот шампион Атлетико Мадрид со 11 трофеи. До крајот на шпанското првенство остануваат уште четири кола, а ќе биде интересна битката за пласман од второто до четвртото место што водат во Лигата на шампионите.

