Реал Мадрид во наредните денови ќе потпише договор со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер за да му се приклучи на тимот со слободен трансфер на крајот од сезоната. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Според изворот, со 28-годишниот фудбалер е договорен четиригодишен договор, а постигнати се и договори за провизии и други плаќања.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наводно размислува за германскиот дефанзивец како еден од клучните играчи во стартниот состав на тимот.

