Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели очекувањата за утрешниот реванш со Вилјареал во 1/2 финалето на Лигата на шампионите.
„Мораме да се обидеме да победиме на гостински терен. Знаеме дека противникот ќе направи се за да се врати. Полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите никогаш не се лесни“ – вели Клоп.
„Никогаш не знаеш дали ќе имаш шанса повторно да играш во полуфинале, затоа таквите прилики мора да се третираат со сета одговорност. Ако Вилјареал не победи и замине во финалето, тогаш ќе му честитаме“ – потенцирал Клоп.
