Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе мора да одигра еден натпревар без публика и да плати парична казна од 175.000 швајцарски франци за инцидентите на мартовскиот плеј-оф против Египет.
Тоа го пренесува официјалниот сајт на ФИФА. Навивачите на репрезентацијата на Сенегал светкаа со ласери во лицата на играчите на египетската репрезентација додека ги изведуваа пеналите а ако резултат на то Египќаните не реализираа три удари и беа поразени.
Ќе потсетиме дека Египет бараше мечот да се преигра на неутрален терен, но, ФИФА тоа го одби.

