Минатата недела Ливерпул, а оваа недела најверојатно и Манчестер Сити ќе го објави продолжувањето на соработката со својот менаџер. Откако Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул, сега е ред на Манчестер Сити да работи на нов договор за Пеп Гвардиола.
Шпанецот наводно се согласил да продолжи во премиерлигашот дополнителни две години. Тоа значи дека ќе стави потпис на договор до 2025 година. „Граѓаните“ сакаат да го искористат својот тренер за привлекување неколку звучни имиња. Меѓу нив секако е Ерлинг Халанд, кој се поврзува со преселба во Манчестер и тоа на „Етихад“.
Гвардиола оваа сезона има нова шанса да донесе историска титула во Лигата на шампионите. Останува да го одигра реваншот кај Реал Мадрид кој е на програмата утре, а потоа во финале да се обиде да стигне до трофејот.

