Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација 
    Домашен микс

    Ратко Павличевиќ е нов селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација 

    sasoBy saso03/05/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Македонските одбојкари отвораат ново поглавје во настапите на три фронта, сега со Ратко Павличевиќ на селекторската позција. Српскиот стратег ќе го преземе кормилото на црвено-жолтите пред новиот обид конечно да се освои Европската сребрена лига, а потоа преку учеството на Медитеранските игри, турнирот „Чајка“ и пријателските натпревари, да се одреди новиот изглед на тимот чијашто задача е да се одржи, а по можност и да се унапреди пред Европското првенство во 2023-та на коешто ние ќе бидеме коорганизатори. Павличевиќ, кој во 2018-тата кратко беше во стручниот штаб на македонската репрезентација, ќе прозива утре во Маврово, а според очекувањата, неговиот избор е на истите одбојкари коишто играа на последните два континентални шампионата во Словенија и во Финска, со напомена дека на списокот од 24 репрезентативци се и неколкумина млади и перспективни играчи.
    Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов се техничари, Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов коректори, оссумина одбојкари конкурираат за позицијата примач: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово и Оливер Куновски од Борец. Стандардните Филип Маџунков, Ристо Николов, Филип Савовски, Славе Наков и Филип Лепидовски се блокери, а шанса ќе има и за Михајло Мирасчиев од Штип УГД и за Христијан Андоновски од Борец. Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев ќе играат либера.
    Павличевиќ во тренерската кариера работеше во четири земји: во машкиот и во женскиот тим на Црвена звезда, во Ал Хилал во Саудиска Арабија, во Пафос и во Фоњикас во Грција, како и во Амрисвил и во Шеноа во Швајцарија, а како активен одбојкар беше репрезентативец на Југославија по распадот на СФРЈ.
    Неговиот прв селектороски предизвик се нарекува Европска сребрена лига 2022 во којашто годинава Македонија е во група со Босна и Херцеговина, со Албанија и со Романија. Првите две селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во Будимпешта, а уште отсега е јасно дека таму ќе сервираат Унгарија и Финска како единствени селекции во другата група по откажувањето на Азербејџан. Во седмиот настап во ова натпреварување, македонската репрезентација ќе игра за првото злато, по четирите сребрени медали и едно трето и едно четврто место. Потоа, на крајот на јуни и на почетокот на јули, со изменет кадар, Македонија ќе се тестира на Медитеранските игри во Алжир и ќе ја продолжи традицијата на турнирот „Чајка“.
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.