Дефанзивецот на Виљареал, Раул Албиол проговори за поразот од Ливерпул во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите со 3:2.
„Денеска не беше наша вечер, но тимот направи се што можеше. Не погоди првиот гол на Ливерпул. Скапо ги плативме сите колосални напори што ги вложивме во првото полувреме, кога одигравме многу добро. Ја спуштивме границата во однос на дуелите по паузата и го добивме заслуженото. Но, Ливерпул е многу физички силен. Ова е тажна вечер за нашиот клуб. Знаевме дека второто полувреме ќе биде долго и исцрпувачко, но по влегувањето на Луис Дијаз, играта на Ливерпул се промени, тие постигнаа гол веднаш штом се појави опасна прилика. Не можевме да го задржиме истото темпо како во првото полувреме. Ќе мора да се помириме со фактот дека нашиот сон не се оствари“, изјави Албиол.

