Поранешниот фудбалер, Антинио Касано, кој е познат дека нема „влакна на јазикот“, јавно го критикуваше тренерот на Јувентус, Масимилијамо Алегри, кој не успеа да ја издржи трката за титулата во Серија „А“.
„Зборуваат дека не можат да му дадат отказ затоа што заработува десет милиони евра. Мислам дека баш поради тоа треба да добие отказ. Во јануари потроши сто милиони евра а ќе заврши четврти“ – изјави Касано.
Легендарниот играч на „аѕурите“, проценил дека новото засилувања Душан Влаховиќ, е жртва на системот кој го форсира Алегри.