Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој постигна два гола на реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, го коментираше пласманот на неговата екипа во финалето на ЛШ.
„Мислам дека не можам да го објаснам тоа, немам зборови да објаснам што се случи вечерва. За овој дрес секогаш учиме да се бориме до крај. Бевме скоро мртви. Но, по мојот прв гол почнав малку да верувам и успеав повторно да постигнам гол во продолжението. Многу сум среќен што успеав да постигнам два гола и да му помогнам на Реал Мадрид да стигне до своето место, а тоа е финалето во Лигата на шампионите“, изјави Родриго за „Марка“.
Да потсетиме, по резултатите од два натпревари, Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со резултат 6:5 и се пласираше во финалето. Во решавачкиот натпревар во Лигата на шампионите „кралскиот клуб“ ќе игра со Ливерпул. Финалниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се одржи на 28 мај на „Стад де Франс“ во Париз.

