Одличниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ не мисли дека има логично објаснување за триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите оваа сезона по познатиот пресврт. Синоќа неговата екипа го совлада Манчестер Сити со 3:1, откако до 90. минута губеше со 0:1.
„Ова е Реал Мадрид, не се обидувајте да го разберете“, напиша Хрватот на Инстаграм.

На сличен начин Реал Мадрид ги елиминираше Пари Сен Жермен и Челзи, а сега им претстои финале против Ливерпул на 28 мај во Париз.

