Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, се извини што ги загуби нервите за време на синоќешниот пораз од Ајнтрахт, кој ги остави „чеканите“ без финале во Лигата на Европа. Тој беше исклучен откако налутено ја шутна топката кон едно од момчињата на теренот, бидејќи премногу долго ја држеше топката в раце, пред да ја врати во игра.
„Ја шутнав топката кон момчето и се извинувам поради тоа, но тој пред тоа премногу слабо ми ја додаде. Извинете што ги загубив нервите“, се обиде да се пошегува Мојс по натпреварот.

