Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе наводно дал усна согласност за нов 2-годишен договор со ПСЖ, објави уште исноќа весникот „Ле Паризиен“, а веста ја потврдија и неколку други извори. На 23-годишниот Мбапе му истекува договорот на крајот од сезоната и во моментов се шпекулира дека речиси сигурно ќе се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Сепак, медиумите во франција објавија дека тој и неговите родители ја прифатиле последната понуда од ПСЖ за нов договор. Според различни извештаи, Пари Сен Жермен му понудил годишна плата од 50 милиони евра и уште 100 милиони како бонус за потпис на нов договор.

