Играчот за врска на Манчестер Јунајтед и француската фудбалска репрезентација Пол Погба е во преговори со Пари Сен Жермен и Јувентус.
Договорот на играчот од средниот ред со Англичаните истекува на крајот од сезоната, а двата тима се главни кандидати за играчот.
Агентите на Погба веќе разговарале со претставници на заинтересирани клубови. Моменталната плата на играчот од средниот ред е 17 милиони евра годишно, но тој е подготвен да ги намали финансиските барања за да се пресели во Париз или да се врати во Торино.
Французинот оваа сезона одигра 20 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 1 гол и даде 9 асистенции.
