Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, проговори за Ерик Тен Хаг, кој ќе го води англискиот тим од новата сезона.
„Ерик тен Хег треба да каже со кои играчи сака да соработува. За ова ќе зборуваме на крајот од сезоната. Имам позитивен став кон играчите кои сега играат за Манчестер Јунајтед и кон евентуалните дебитанти. Патот на тимот може да биде правилен, тоа е она што се обидуваме да го постигнеме“, изјави Рангник.
Да потсетиме дека 52-годишниот Ерик Тен Хаг е на чело на Ајакс Амстердам од 2017 година, а по завршувањето на сезоната се сели на клупата на Манчестер Јунајтед. Ралф Рангник ја презеде функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед на привремена основа во декември 2021 година, преземајќи го тимот по заминувањето на Оле Гунер Солскјер.

