Идниот нов сопственик на англискиот тим Челзи Тод Боели веќе е во Лондон и денеска се очекува да присуствува на натпреварот кој „сините“ го играат со Вулверхемптон на „Стемфорд Бриџ“ во 36. коло од Премиер лигата, објавија медиумите во земјата.
Челзи е на третото место со 66 бодови, а Арсенал веднаш зад нив со три помалку – 63. Голем предизвик за конзорциумот, предводен од Боели, ќе биде да го одржи високо ниво на лондонскиот клуб и да ги исполни очекувањата на јавноста за конкуренција со врвните тимови од Европа. Пред ерата на Роман Абрамович, која започна во 2003 година, Челзи стана шампион на Англија само еднаш – во 1955 година.
Тимот потоа освои пет титули, а последен пат триумфираше во 2017 година. Сега првата шанса за трофеј на Челзи е следниот викенд кога ќе се соочи со Ливерпул во финалето на ФА Купот.

