Денеска во Скопје традиционално по шестипат се одржа трката HalkEco Skopje RUN на 10KM. Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, овој спортски настан госинава собра 1300 маратонци, а почетокот и финишот на трката беше во центарот на градот.
Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка, како и претходните 5 изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42 минути. На второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 32:36. Од женските прва беше Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го зеде Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.