Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше незадоволен од предлогот на германскиот клуб за продолжување на договорот меѓу двете страни, објави шпанскиот „Спорт“.
Според изворот, 33-годишниот полски фудбалер не е задоволен ниту од платата, ниту од времетраењето на договорот што му ја нуди Баерн. Актуелниот договор меѓу Левандовски и Баерн истекува во 2023 година.
Претходно беше објавено дека Левандовски и понатаму е приоритетна опција за Барселона, и покрај изјавите од двата клуба. Баерн сака да го задржи играчот, што на првиот состанок му било презентирано на неговиот агент Пини Захави.

