Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија и го предаде клубот на дисциплинската комисија поради серијата инциденти пред и за време на мечот со Шкупи .
Гостите прво беа нападнати пред стадионот од навивачите а потоа еден од нивните играчи беше погоден со камен од трибините. Згора на тоа настрада и еден од помошниците на судијата Ставрев а имаше и физичка пресметка меѓу играчите.
Првата суспензија на неопределено време ќе биде за домашниот тренер Артим Шаќири кој е предаден на дисциплинска.

