Авторитетниот финансиски магазин Форбс објави рангирање на најплатените спортисти во светот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси се најде на врвот на листата со проценета нето вредност од 130 милиони долари, а познатиот кошаркар Леброн Џејмс, се најде на второто место со 121,2 милиони долари. Најдобрите три ги заокружува напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (115 милиони долари).
Најплатените спортисти во светот според Форбс:
1.Лионел Меси ( фудбал, ПСЖ) – 130 милиони долари
2.Леброн Џејмс (кошарка, Лејкерс) – 121,2 милиони долари
3.Кристијано Роналдо (фудбал, Манчестер Јунајтед) – 115 милиони долари
4.Нејмар (фудбал, ПСЖ) – 95 милиони долари
5.Стивен Кари (кошарка, Голден Стејт) – 92,8 милиони долари
6.Кевин Дурент (кошарка, Бруклин) – 92,1 милиони долари
7.Роџер Федерер (тенис) – 90,7 милиони долари
8.Саул Алварез (бокс) – 90 милиони долари
9.Том Брејди (амер.фудбал, Тампа Беј) – 83,9 милиони долари
10.Јанис Антетокунмпо (кошарка, Милвоки) – 80,9 милиони долари


