Њукасл Јунајтед, под водство на 44-годишниот англиски стручњак Еди Хау , продолжува да покажува импресивни резултати на домашните натпревари од Премиер лигата. Синоќа Њукасл на домашен терен во 37. коло го победи лондонски Арсенал (2:0).
Од почетокот на 2022 година, само Ливерпул (25 бода) има освоено повеќе поени во Премиер лигата од Њукасл Јунајтед (22) од почетокот на 2022 година, објави ББС Спорт.
Да потсетиме дека Еди Хау го предводи Њукасл од ноември 2021 година, потпишувајќи договор до летото 2024 година. Со тимот тој веќе има 26 средби (12 победи, четири нерешени и 10 порази) во сите натпреварувања.
Њукасл е на 12. место на првенствената табела со 46 бодови. Во последното коло Њукасл ќе играат на гости кај Барнли.

