Напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Калум Вилсон имаше мала несреќа за време на мечот со Арсенал, па во 27.минута од натпеварот му испадна заб при еден незгоден дуел со противничкиот играч.

Од видео снимките и фографиите се гледа како му се обезбедува медицинска нега надвор од теренот. На снимката се гледа дека на играчот му крварат непцата, а еден од забите буквално виси. Вреди да се напомене дека Вилсон брзо се врати во игра, веројатно со силни болки. Тоа беше прв старт за Вилсон од јануари, откако се повлече со повреда на мускулот.
Вкупно, во тековната сезона од англиската Премиер лига, Калум Вилсон одигра 17 средби, на кои постигна шест гола. Тој му се приклучи на Њукасл во септември 2020 година од Бурнемаут за 22 милиони евра.

