Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез постигна гол на натпреварот од 37. коло на италијанската Серија А со Каљари (3:1).
Овие два гола беа 20-ти и 21-ви за аргентинскиот напаѓач во тековниот шампионат. Така, напаѓачот стана шестиот играч во историјата на клубот кој успеал да постигне 20 или повеќе голови во една сезона, објави „Газета дело Спорт“.
Пред Мартинез во Интер, вакво нешто имаат направено Џузепе Меаца (33 гола во сезоната 1928/1929), Стефано Нирс (26 гола во сезоната 1948/1949), Антонио Анџелило (33 гола во сезоната 1958/1959), Роналдо (25 гола во сезоната 1997/1998) и Мауро Икарди (22 гола во сезоната 2014/2015).

