Јувентус има две опции како евентуални наследници на Џорџо Киелини во дефанзивата на тимот за следната сезона. Станува збор за двајца дефанзивци од Арсенал и Наполи кои се позиционирани како потенцијални засилувања на стоперската позиција. Станува збор за младиот 24-годишен дефанзивец на Арсенал, Габриел, како и на далеку поскапиот и поатрактивен дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали.
Киелини го одигра последниот меч пред навивачите на Јувентус во претпоследното коло на Серија А и најави дека ја завршува долгогодишната кариера во еден од најпопуларните италијански клубови.

