Барселона е сериозно заинтересирана за потписот на крилниот напаѓач на Лидс Ј., Рафиња. Според пишувањата на локалните медиуми во каталонија, Барса е подготвена да издвои сериозна сума за да го натера англискиот тим да им го продаде фудбалерот.
Каталонскиот клуб веќе понудил 55 милиони евра за 25-годишниот Бразилец и уште 10 милиони во вид на бонуси.
Според изворите, самиот Рафиња веќе се договорил со Барселона за 5-годишен договор, само чека „амин“ за реализација на трансферот од неговиот сегашен клуб.

