Клубови од Шпанија, Германија и Англија, внимателно ја следат ситуацијата со Илкај Гундоган, откако се појавија шпекулации дека фудбалерот на Манчестер Сити најверојатно нема да добие продолжување на договорот.
31-годишниот играч за врска кој беше еден од најдобрите на теренот во тековнава сезона, може да си замине дури и без обештетување иако има договор до летото во 2023 година.
Според одредени наводи, главни кандидати за неговиот потпис се Барселона и Арсенал.
