Горазд Михајлов, тренерот на Силекс , посакува со пехар од Купот да ја заврши сезоната откако неговиот тим експресно се врати во прволигашкото друштво.
„Ние сме бранители на пехарот и сме единствениот второлигаш кој ќе го брани трофејот. Брзо обезбедивме враќање во елитата, нешто што ни беше приоритет Кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Ќе дадеме се од себе, но, се надевам дека ќе победи фудбалот. Во вакви натпревари нема фаворити“ – изјави Михајлов. Капитенот на Кратовци, Даниел Божиновски има богато исксутво кога станува збор за финалето од Купот.
„Од самиот старт на сезоната претрпевме драстични промени. Со текот на времето се воигравме и направивме резултати. Приоритет ни беше влез во прва лига и тоа го остваривме. Предизвик ни беше да обезбедиме и финале во купот и тоа успеавме. Сите го чекаме финалето и мислам дека ќе дадеме максимум и мислам дека ќе се радуваме на трофејот“ – вели Божиновски.

