Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го освоија победничкиот пехар во националниот Куп откако на Арената во Скопје го совладаа Силекс на пенали со 4 спрема 3.
Мечот во регуларниот дел и продолженито донесе рововска битка, но, со минимален број на шанси. Во пенал-рулетот голманот на „лавовите“, Христијан Стевковски, одбрани два шута на Кратовци додека неговиот соиграч, Сефер Емини, го постигна решавачкиот гол и донесе голема радост за навивачите од Ѓоре Петров.
За Македонија Ѓорче Петров тоа е втор пехар во Купот. Првиот беше освоен во 2006 година.

