Реал Мадрид кој ја освои шампионската титула во Ла Лига може да се пофали со чудно достигнување откако го одигра последниот натпревар сезонава во Ла Лига – 0:0 против Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.
Фудбалерите на Карло Анчелоти ја завршија сезоната 2021/22 во шпанската лига без ниту еден црвен картон. Ова е прв пат за тимот од сезоната 1983/84. Во шпанското првенство сезонава нема друг тим без црвени картони.
Congratulations to Real Madrid on their first full LaLiga season without a red card since 1983/84. pic.twitter.com/z6KniBCNEN
— Sam Leveridge (@samleveridge) May 21, 2022
Покрај овој интересен статистички податок, оваа сезона новиот шампион на Шпанија е тимот со најмалку жолти картони – вкупно 76.
Двата тима со најмногу црвени картони во Ла Лига оваа сезона се Хетафе и Валенсија. Двата тима имаат по 8 црвени картони во текот на сезоната.

