Првиот човек на фудбалскиот состав Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, откри дека Мбапе не ги избрал парижаните само поради парите што ќе ги добие во наредните три години. Младиот фудбалер ќе инкасира речиси пола милијарда евра.
„Парите не беа најзначајното нешто поради кои Килијан Мбапе остана“ – вели Келаифи.
„Мбапе беше задоволен од нашиот проект. Јас му ветив дека ќе донесеме уште ѕвезди“ – рече Ал Келаифи.

