Почесниот претседател на германскиот фудбалски гигант Баерн (Минхен) Ули Хенес не може да поверува дека Барселона е подготвена да го привлече напаѓачот Роберт Левандовски со оглед на деликатната финансиска состојба на Каталонците.
„Барселона сака да го привлече Левандовски, иако пред шест месеци имаше долгови од 1,3 милијарди евра“ – вели Хенес.
„Да беа во Германија, одамна ќе банкротираа. Извршител им стои на врат, а тие нудат милионска понуда до играчот на Баерн“, изјави Хонес

