Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, има реални шанси кариерата да ја продолжи во екипата на Реал Мадрид, најавија дел од медиумите во Англија и Шпанија.
Наводно, првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, откако не успеа да го ангажира, Килијан Мбапе, сега ќе се насочи кон брзоногиот фудбалер на „граѓаните“. Стирлинг кој игра за Сити од 2015 година и има активен договор до летото во 2023-та, неодамна изјави дека сака да замине надвор од Островот.
Според наводите, Реал Мадрид за неговиот потпис ќе понуди околу 50-ет милиони евра.

