Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»„Стад де Франс“ доби нова тревна подлога пред финалето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид
    Фудбал

    „Стад де Франс“ доби нова тревна подлога пред финалето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид

    risteBy riste25/05/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нова тревна подлога беше поставена на „Стад де Франс“ пред финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во сабота, објави АФП.

    Самото поставување на тревата траеше точно 48 часа, бидејќи беше „одгледана“ во близина на Барселона и донесена во француската престолнина со неколку камиони. На стадионот со трактори се истоварени 500 ролни трева, од кои секоја тежи од 750 до 1.000 килограми. Секоја ролна шпанска трева е долга 15 метри и широка 1,20 метри. Тревната покривка внимателно се одгледува од ноември во посебен парк северно од Барселона. Стариот тревник беше отстранет веднаш по финалето на Купот на Франција, во кое Нант на почетокот на мај ја победи Ница со 1:0.

     „Тоа е огромен логистички предизвик“, рече Лоик Дурозел, директор на Стад де Франс, кој рече дека работата е завршена за два дена наместо за пет. Интересно, природната тревна покривка беше поставена на синтетички тепих. „Не смееме да заборавиме дека има 5 % синтетика, но 95 % е трева“, вели Енди Кол, Британец кој е еден од најдобрите специјалисти за трева и кој во Париз се грижи за теренот.

    Се треба да биде подготвено пред тренинзите на двете екипи во петок.

    „Реал Мадрид ќе сака да игра на трева висока помеѓу 20 и 23 милиметри. Колку е помала тревата, толку побрзо ќе се движи топката. Но на крајот УЕФА ќе одлучи, висината на тревата ќе биде околу 24-25 милиметри“, предвидува Беноа Лавале, програмски директор на Стад де Франс.

    Новата трева ќе остане на „Стад де Франс“ само еден месец, а покрај финалето од Лигата на шампионите, таму ќе игра и француската фудбалска репрезентација, како и финалето за шампионатот во рагби. Теренот потоа ќе биде премотан и преместен на стадионот во Ле Ман, каде што ќе остане четири или пет години. Целата операција чини меѓу 300.000 и 500.000 евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.