Поранешниот белгиски фудбалски репрезентативец, Винсент Компани, преговара за тренерското место на Барнли, пишува денеска весникот – „Дејли мирор“.
Тој имаше долга кариера во Манчестер Сити или цели 11 години пред се врати во матичниот клуб Андерлех прво како фудбалер а потоа тренер и спортски директор.
Барнли е во потрага по постојан менаџер по завршувањето на сезоната. Компани сепак не е единствениот кандидат, тврди изданието, туку прв на листата од три опции.

