Десниот бек на Удинезе, Ноел Молина, ќе биде главна цел на Атлетико Мадрид во текот на летниот преоден рок.
Италијанскиот и шпанскиот состав деновиве ќе започнат преговори за сума од 10 милиони евра. 24-годишниот Аргентинец има договор до летото во 2026 година.
Молина во сезоната што заврши во изминатиот викенд, одигра 37 мечеви во сите конкуренции со ефект од 8 голови и 5 асистенции.