Нашите најдобри одбојкари со очекувана победа ја започнаа Сребрената Лига. Тие вечерва во Скопје славеа против БИХ со 3-0 по сетови 25:16, 25:17 и 25:23,
Најдобар на теренот беше нашиот капитен, Никола Ѓорѓев, кој забележа 24 поени. Новиот селектор, Ратко Павличевиќ имаше одлично деби.
В сабота ќе се појавиме на теренот на Романците а потоа ќе одиграме два меча со Албанија. Тоа се дуели во рамките на групата „А“.

