Португалецот, Жозе Мурињо, влезе во историјата како првиот тренер што успеал да ги освои трофеите во трите европски фудбалски конкуренции.
Неговата Рома вчера победи против Фееенорд во финалето на Конференциската лига во премиерното издание под капата на УЕФА а „специјалниот“ се израдува на 5-от пехар од европските купови. Мурињо два пати ја освои ЛШ со Порто (2004) и Интер (2010), има два пехара од Лига Европа со Порто (2003) и Манчестер јунајтед (2017) и сега Конференциската лига со Рома.
„Испишав историја! Ги одбивам сите можни понуди, останувам во Рома! – вели тренерот на „волчицата“.

