Египетската тенисерка, Мајар Шериф, се повлече од Отвореното првенство на Франција поради повреда на ногата и тоа по само еден ден откако стана првата жена од земјата на Фараоните која победила во меч од главната ждрепка на Ролан Гарос.
26-годишната Шериф, чиј најдобар пласман е 49 место на ВТА листата ја победи Украинката, Марта Костјук, со 6:3, 7:5 и се пласираше во второто коло на парискиот Грен слем.
Таа поради фрактура на ногата мораше да го предаде мечот со Тамара Зиданшек од Словенија која директно отиде во третата фаза.

