Македонија во почетокот на јуни ја очекуваат воведните мечеви во новата сезона во Лигата на нации. Селекторот, Благоја Милевски, денеска на средба со новинарите, потврди, дека дел од фудбалерите се соочуваат со повреди додека Ердал Ракип, побарал да биде ослободен од приватни причини.
„За жал, подготовките ќе ги започнеме со одредени проблеми.Поради повреда нема да бидат со нас Костадинов и Стефан Ристовски додека Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорната сезона и заморот. Ердал Ракип поради приватни причини бараше да биде ослободен“ – нагласи Милевски со напомена дека повредата на Ристовски е сериозна и дека ќе мора да ги пропушти сите четири натпревари закажани во јуни.
Нашите фудбалери на 2. јуни ќе гостуваат кај Бугарија во Разград а три дена подоцна и на теренот на Гибралтар. Потоа ќе одиграме два меча дома против Грузија на 9. јуни и Гибралтар 12. јуни.

