Голманот, Давид де Геа, кој има договор со фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед до наредното лето, веројатно ќе ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ до 2025 година.
Според медиумите во Англија, 20-кратниот освојувач на Премиер-лигата и 31-годишниот Шпанец, набрзо ќе објават дека Де Геа останува меѓу стативите.
Тоа значи дека искусниот голман ќе биде активен на стадионот – „Олд Трафорд“ најмалку 14 години во континуитет.
