Утре во Париз ќе биде одиграно финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Француската полиција објави дека ќе бидат ангажирани преку 7000 луѓе да се грижат за безбедноста низ улиците на престолнината. Според проценките, повеќе од 60.000 навивачи на „црвените“ ќе бидат во Франција, но, најголемиот дел од нив без влезница за финалето. Во исто време се очекува да пристигнат и околу 30.000 фанови на „кралевите“.
Двата клуба добија по 19.618 влезници иако капацитетот на стадионот е 75.000.

