Италијанската Рома која победи во премиерното издание на Конференциската лига на УЕФА ќе инкасира 14,6 милиони евра.
Од нив, 2,94 милиони евра за пласманот во групната фаза, 2,15 милиони евра за 13-те бодови освоени (166.000 евра по бод), 650.000 евра за освоеното прво место во групата, 300.000 за пролетните елиминации, 600.000 за пласман во осминафиналето, еден милион за четвртфиналето, два милиони за полуфиналето и пет милиони за победата во финалето против Феенорд.
Згора на тоа „римската волчица“ треба да добие и повеќе од 5 милиони за ТВ-правата.

