Фудбалерите на Ливерпул се крајно незадоволни од одлуката на УЕФА да им забрани на семејствата на играчите од Ливерпул и Реал Мадрид да излезат на терен по финалето од Лигата на шампионите вечерва на „Стад де Франс“, пренесува „Дејли Меил“.
Европската централа донела ваква одлука од „безбедносни причини“, иако со години е пракса децата и сопругите на играчите да се симнат на теренот и да слават со победниците и не е јасно која е причината за промената.
Оваа наредба на УЕФА доаѓа како дополнување на веќе предизвиканата многу негативни коментари одлука на двата тима да добијат само 19682 билети за стадион со капацитет од 80 000 гледачи. Фудбалерите на Ливерпул имаат добиено вкупно само 382 влезници за семејството и пријателите, а оние на шпанскиот гигант ќе можат да купат 25 билети по лице. Според официјалните податоци, повеќе од 80.000 навивачи на англискиот тим и 60.000 од Мадрид веќе пристигнале во Париз.