Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше еден од хероите за својот тим во победата од 1-0 над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Белгискиот голман се истакна со неколку клучни интервенции на средбата.
„Никој не можеше да не спречи да дојдеме до титулата денес. Беше луда ноќ! Не ми се верува! Неверојатно! Повторно им покажавме на сите кој е крал на Европа. Вчера на прес-конференцијата кажав дека кога Реал игра во финалиња, ги победува. Морав да победам во финалето, за целата моја кариера, за почитта што ја немав во Англија“, изјави голманот.

