Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот во финалето на ЛШ изјави дека тимот имал фантастична сезона и покрај неуспесите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.
„Да, работите не се случија како што сакавме, но ние продолжуваме по нашиот пат. Ќе се обидеме повторно да се бориме за пехарот. Имавме фантастична сезона и се надевам дека момците ќе го ценат тоа“, изјави германскиот специјалист.

