Игор Стефановски – Иџе победи на ридско-планинската трка во Штерберк (Чешка) која беше возена во рамките од ФИА шампионатот на Европа.
Нашиот автомобилист иако имаше одредени проблеми со неговото возило „Хјундаи И30“, на крајот успеа да победи пред Австриецот, Дитхард Штернад.
Двократниот шампион ја обезбеди вторате сезонска победа по премиерната оставрена во португалската Брага. Ќе потсетиме дека Иџе беше второпласиран на трката во Франција.

