68 лица се приведени од кои 39 се задржани во притвор по вчерашните инциденти во Париз пред финалето на Лигата на фудбалските шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, објави денеска француската полиција.
Во соопштението се наведува дека пред почетокот на мечот имало нереди откако голем број навивачи се обиделе насилно да влезат на стадионот по што морала жестоко да реагира полицијата.
Според француските власти имало многу фанови без влезници или со фалсификувани што дополнително направило проблеми за органите на редот.