Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена, тврди Тутоспорт.
Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле и негативен одговор.
Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони евра за ангажманот во изминатите две сезони.