Францускиот министер за внатрешни работи смета дека Јирген Клоп е виновен за немирите пред финалето на Лигата на шампионите. Претходно, францускиот министер за спорт ги обвини навивачите на Ливерпул за нередите, велејќи дека многу од нив се обиделе да влезат на натпреварот со Реал Мадрид без билет или со лажни билети.
„Вакви проблеми се јавуваат само во фудбалот со некои англиски клубови. Веќе се случи огромен број британски навивачи да дојдат без билети, на пример, во 2019 година во Мадрид. Истите проблеми се појавија на Вембли минатата година на финалето на ЕП 2020. Тоа е неприфатливо однесување, неорганизираност и огромен пазар на лажни билети. И потсетувам дека пред неколку дена менаџерот на Ливерпул ги охрабри навивачите да дојдат во Франција дури и без билети“, рече Џералд Дарманин.