Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, му одговори на првиот човек на шпанскиот фудбал, Хавиер Тебас , кој рече дека Каталонците не може да си го дозволат Риоберт Левандовски со оглед на лошата финансиска ситуација.
„По јавните манифестации на претседателот на Ла Лига кој вели дека не можеме да купиме одреден фудбалер, сакам да го потсетам која е неговата функција. Тој треба да ги брани придобивките на Ла Лига и на клубовите во Шпанија“ – потенцираше Лапорта.
Деновиве се посилни се шпекулациите дека Полјакот ќе го напушти Баерн Минхен и ќе се пресели во Каталонија.

