Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, пред денешниот пријателски меч со Аргентина од 20.45 часот закажан на легендарниот англиски стадион – „Вембли“, вели дека тоа ќе биде фудбалска класика.
„Ќе биде одличен и интересен натпревар. Штета што останавме без Киеза, Имобиле, Берарди и Верати. Двете селекции се многу силни“ – вели селекторот на „аѕурите“.
Италија е актуелен европски шампион додека „гаучосите“ се победници на Копа Америка за 2021 година.

